Вучиќ од Тирана: За санкциите против Русија ќе го прашам народот, владата, парламентот, а и малку и јас ќе се прашам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес конференција во Тирана изјави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан најмногу се зборувало за енергетиката и за воведување санкции против Русија, а Србија, посочи и самиот, е единствената земја во регионот која ги нема воведено. Во официјалната декларација на Самитот се најде и таа точка, а Вучиќ рече дека не е природно Србија да учествува во таа политика поради штетата што ќе ја претрпи од нејзиното воведување, јави дописникот на МИА од Белград.

„Реков дека имаме свој став, но дека добро ја разбравме пораката на ЕУ, многу добро јас ја разбрав и преку дискусијата на осум или девет претставници на ЕУ денес“, изјави Вучиќ, додавајќи дека директно одговарал на прашањата на претставниците на ЕУ, но и дека не се тие кои одлучуваат.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

„Ќе ги прашам луѓето во Србија, парламентот во Србија и владата на Србија, а помалку ќе се прашам и јас“, рече Вучиќ.

На прашањето дали стои зад усвоената декларација од Самитот, Вучиќ одговори дека „не може ниту да седи ниту да стои зад декларацијата, бидејќи не ја напишал“, но дека нема против да бидат наведени фактите.

„Немам против да ги напишат фактите дека ние не воведовме санкции. Можам да се налутам кога ќе кажат нешто за Косово и Метохија што не е факт, но сакал или не, тоа е факт. Што јас одговорив, не можам да детализирам, но реков дека овој однос кон санкциите е однос кон нас Србите“, додаде Вучиќ.

Извор: МИА

- Реклама -