Тепачка во турскиот парламент, пратеник од опозицијата заврши во болница (ВИДЕО)

Анкара, 6 декември 2022 (МИА) – Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција по тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година.

Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и опозициските политички сили како се тепаат меѓу себе. Некои од нив си разменуваат тупаници, а други се обидуваат да ги смират колегите.

Според турски медиуми, Хусеин Јорс, пратеник од опозициската „Добра партија“ бил удрен во лицето. На помош притрчал негов колега, по образование доктор, по што со возило на брза помош пратеникот бил пренесен во болница. Јорс страда од проблеми со срцето и превентивно е сместен на интензивна нега.

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
- Реклама -