Излегоа појасни информации за инцидентот, а со изјава се јави и удрениот камерман. Станува збор за јутјубер од Алжир.
Тој тврди дека бил нападнат од Ето откако му поставил прашање за судијата Бакари Гасам. Претходно медиумите пишуваа за афера во која наводно Ето му понудил поткуп на тој судија. Дури се пишуваше дека Камерун може да биде исклучен од Мундијалот, нешто што не се случи.