Бразилците победата со Ј. Кореја му ја посветија на – Пеле (ФОТО)

Бразил ја сомле Јужна Кореја за да обезбеди четвртфинална пресметка на СП во Хрватска, после победата со 4-1, па по триумфот, „кариоките“ ја посветија победата на својата најголема легенда – кралот на фудбалот Пеле.

Нејмар и другарите после победата извадија банер со поддршка на Пеле, трикратниот освојувач на светската титула, кој е во болница во тешка здравствена состојба и ставен на палгијативна нега зашто хемотерапијата не помага во битката со ракот, откако лани во септември беше опериран од рак на дебелото црево.

Пеле пред пет дена е хоспитализиран повторно во болница со отоци и срцева слабост, ама и проблеми со дишењето, а од болница ги следи возбудувањата на СП и поддршката од фудбалерите и од навивачите му дава сила за да победи во битката.

- Реклама -