Брнабиќ за санкциите кон Русија: „Се чукаат во гради со морал, па гледате Белгија се изборила да нема санкции за дијаманти“

„Србија има принципиелна позиција“ и нема да воведува санкции за Русија, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи го барањето на ЕУ за усогласување со нејзините политики кон Русија, поради нејзината агресија кон Украина.

За телевизијата „Пинк“, адресирајќи ги обвинувањата дека некои земји ги заобиколуваат рестрикциите преку Србија, Брнабиќ беше категорична дека Србија нема да биде земјата преку која некој друг ќе прекршува санкции, но и дека нема да се носат посебни одлуки за тоа и дека спречувањето на кршењето на санкциите ќе се спроведува според српскиот закон.

Во однос на самите санкции, Брнабиќ го обвини Западот дека, за разлика од Србија, нема принципи.

„Што се однесува до санкциите, чудни се тоа работи кога се чукате во гради со морал, а потоа гледате дека Белгија се изборила да не воведува санкции за увоз на дијаманти, со што испаѓа дека дијамантите се поважни од ‘агресијата’, како што тие велат. Сите нивни стандарди паднаа кога е во прашање нашата држава. Она што сакав да го кажам е анализата на Фајненшл тајмс, која вели дека увозот на руски гас во некои земји е поголем отколку што беше пред воведувањето санкции против Русија. Тука е и Хрватска, која ни вели дека не можеме да седиме на две столчиња, но кога можат нешто да ќарат, тие тоа го прават. Но, овие дијаманти сепак победија“, изјави Бранбиќ.

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши

Извор: МИА

- Реклама -