Пендаровски до опозицијата: Зошто (уставни измени) утре, кога можеме тоа да го завршиме денес

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска го повтори својот став и ја повика опозицијата да гласа за уставните измени.

„Мојот став е дека на страната на опозицијата која го има тој став кој го знаеме против уставите измени и против внесување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот, можеме само да разговараме и да се убедуваме. Ако е вистина, ако е реално тоа што го декларираат дека прво, самата содржина на барањето не е спорна или не може да ја дестабилизира државата, и ако е точно дека навистина сакаат европски интеграции, тогаш мислам дека навистина треба да проработи свеста и кај нив и да гласаат за уставните промени“, рече Пендаровски, прашан за можноста за уставни измени во контекст на противењето на опозицијата тоа да се случи во овие услови (францускиот предлог и билатералниот протокол со Бугарија) и без гаранции од бугарска страна дека ќе нема нови вета на патот до полноправно членство.

Прочитајте и:  Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Пендаровски и натаму е уверен дека ако тоа не се заврши сега, актуелната опозиција во иднина, кога ќе биде власт, ќе го бара истото од тогашната опозиција.

„Утре, задутре, догодина, за година-две, во демократијата секогаш има промена на власт. Тие ќе бидат на власт, ќе го бараат истото од утрешната опозиција. Зошто тоа не би го завршиле сега ако сите се согласуваме 30 години назад, кога имаме апсолутен процент за членство во ЕУ, претходно за во НАТО. Мислам дека треба да го завршиме тоа час поскоро. Во интерес е на државата и на народот, не е битно кој е на власт“, рече Пендаровски.

Извор: МИА

- Реклама -