Пелистер не треба да му дозволи први бодови на „бундеслигашот“ Мотор

Македонскиот претставник во Европската лига на ЕХФ, екипата на Пелистер, попладнево го игра четвртиот натпревар од фазата по групи, во потрага по втора победа. Противник е екипата на Мотор Запорожје (18.45ч.), кој принудно домаќин е во Диселдорф.

Мотор не е екипата која се надигруваше со врвот на европскиот ракомет, во Лигата на шампионите, но одржува респектибилен тим, кој се уште нема бодови во Европската лига, но никако не се посрамотува. Досега загуби убедливо од водечките две екипи на табелата во групата Д, Фуксе Берлин и Скандерборг Орхус, а од Бидасоа Ирун беше поразен тесно, со 22-26.

- Реклама -