[
Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на почетокот на идниот месец ќе биде домаќин на Балканското екипно првенство до 18 години.
Шаховската балканијада ќе се одржи од 8 до 11 декември на Попова Шапка со поддршка на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Македонскиот селектор Орце Данчевски повика четири шахисти, од кои двајца ФИДЕ мајстори, и една шахистка.
Македонската репрезентација на Балканијадата ќе ја претставуваат Емил Ристески (ФМ, 2.371 рејтинг), Андреј Велјановски (ФМ, 2317), Леонид Петрески (2.122), Антон Златков (2.107) и Моника Жежовска (1.654).