Роналдо и другарите го прежалија Уругвај, а „победата“ му ја посветија на – соиграч!

Додека светската спортска јавност со нетрпение го очекува вечерашниот дуел помеѓу Португалија и Уругвај (20 часот), за кој сметаат дека ќе биде возбудлив и неизвесен, Кристијано Роналдо и другарите како веќе да го прежалија противникот со оглед што почнаа да даваат изјави на кого ќе му ја посветат победата.

Португалците се уверени во освојување на трите бода, без разлика што играат против двоен светски првак, па Бернардо Силва дури и откри во чија чест ќе биде тој триумф.

„Вечерашната победа сакаме да му ја посветиме на Даниело, кој е фантастичен играч, но и како личност е фантастичен. Затоа сакаме тоа да го направиме за него“, изјави Силва, мислејќи на Даниело Переира, португалски репрезентативец, кој е повреден.

Фудбалерот на Манчестер сити и покрај самоувереноста, кажа и многу пофални зборови за Уругвај.

- Реклама -