Путин и Токаев: Никогаш не треба да започне нуклеарна војна

 

Русија и Казахстан тргнуваат од тоа дека никогаш не треба да започне нуклеарна војна, се вели во заедничката декларација по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, која денеска ја потпишаа претседателите Владимир Путин и Касим-Жомарт Токаев.

„Руската Федерација и Република Казахстан поаѓаат од тоа дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека никогаш не треба да започне“, се наведува во документот објавен на веб-страницата на Кремљ.

Путин се сретна со Токаев во Кремљ и рече дека Москва го цени фактот што Токаев е во прва странска посета на Русија по реизборот.

„Денешната посета е од посебно значење, ова е прва посета на Токаев откако беше реизбран за претседател на Казахстан и е од симболично значење, бидејќи ја нагласува посебната природа на нашите односи“, рече Путин и додаде дека Русија тоа многу го цени.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Заедничката декларација беше потпишана од претседателите на Русија и Казахстан во Москва по нивните разговори.

Во декларацијата се наведува дека Русија и Казахстан имаат намера да ја продолжат соработката меѓу вооружените сили во различни формати.

Претседателот на Русија истакна дека во последно време редовно се среќава со Токаев и дека последен пат двајцата се сретнале на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Ереван.

„Секогаш ги користиме нашите состаноци за да разговараме за актуелните настани. Пред сè, зборуваме за економијата, бидејќи таа е основата на нашиот успех во различни области“, рече Путин.

Тој укажа на значителниот трговски промет меѓу пограничните области на двете земји, кои, како што рече, „повеќе се свесни за можностите и ги развиваат овие односи“.

„Работевме и во нашата традиционална и во високотехнолошка сфера, што е од витално значење за иднината“, нагласи Путин.

МИА

- Реклама -