Супер-спектакл во Катар: Кудус ја расплака Кореа, па Атизиги ја одбрани Гана (ВИДЕО)

Мохамед Кудус, фудбалерот на холандскиот великан Ајакс ѝ донесе голема победа на Гана против Јужна Кореја во супер спектаклот во Катар на Светското првенство (3-2), со пет гола и уште десетина извонредни шанси на мечот, за Африканците да се извадат за стартниот пораз од Португалија и да останат во трката за осминафинале.

Извонредните повеќе од сто минути во африканско-азиската пресметка во која безмалку секој напад беше можност за гол, Кудус со два гола ја водеше Гана до триумфот, а голманот Атизиги со неколку извонредни интервенции не дозволи Корејците да се извадат за бод од пресметката откако еднаш успеаа да надополнат два гола негатива од првиот дел.

- Реклама -