Борјан: Хрватските фудбалери се господа, а навивачите им се – примитивци!

Србинот во Канада и голман на белградска Црвена Звезда, Милан Борјан после „искрите“ со хрватските навивачи вчера на мечот на „коцкестите“ и Канада на кој прими четири гола (1-4), ги посочи фудбалерите на светскиот вицепрвак како господа, а приврзаниците од трибините – примитивци.

Борјан после мечот откри дека на „Вотс Ап“ добил преку 2.500 пораки со навреди од хрватските навивачи, кои го делеле неговиот број за да му пишуваат најразлични пораки, а потоа му викаа за време на мечот „Борјане, усташо“ (роден е во Книн), на што чуварот на мрежата им одговори со познатиот српски поздрав – три прста.

- Реклама -