Бербок: „Русија е виновна за ракетниот напад во Полска“

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот „ракетен напад“ во Полска.

„Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија“, истакна Баербок денеска по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации сугерираат дека ракетите биле на украинската воздушна одбрана, која реагирала на низата воздушни напади врз украинските градови.

„Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО“, истакна Баербок.

Таа не е првата што вината ѝ ја препиша на Русија и покрај тоа што моментално конзензусот е дека проектилот бил украински.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа
- Реклама -