Пабрикс: Русија истрела ракети не само кон украинските цивили, туку и на територија на НАТО

Летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави дека експлозијата во селото Пржеводов на полско-украинската граница е предизвикана од руски ракети, при што загинаа две лица.

„Мое сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што ги таргетираа украинските цивили, туку паднаа и на територијата на НАТО во Полска. Летонија целосно стои со своите полски пријатели и го осудува ова злосторство“, истакна Пабрикс.

Официјална Варшава сѐ уште нема потврдено дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, но полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната.

Портпаролот на полската Влада Пјотр Мулер не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

– Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.

На средбата со министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро присуствува и претседателот Анджеј Дуда.

Неименуван висок американски претставник изјави дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон изјавија дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети.

Полска е членка на НАТО. Според членот пет во напад врз една земја-членка се смета за напад врз Алијансата. сите други членки мора да ја бранат.врз земја-членка на Алијансата , сите други членки мора да ја бранат.

МИА

- Реклама -