Коџабашев: Очигледен е обидот на македонската опозиција за создавање тензии во Софија и Скопје

Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев, на редовниот брифинг изјави дека е очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во Северна Македонија.

„Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот“, нагласи Коџабашев.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Оттаму, Коџабашев го повика народот во Благоевград да реагира мирно и да не подлегнува на провокации, јавува дописникот на МИА од Софија. На отворањето на културниот клуб ќе присуствуваат две македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и Левица. ВМРО-Бугарско национално движење (ВМРО-БНД) подготвува протест.

- Реклама -