Денеска повторно закани за бомби во осум скопски училишта

Осум училишта во Скопје и денеска добија дојави за поставени бомби. Околу 14 часот денеска во СВР – Скопје е пријавено дека на мејл адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, нагласуваат од МВР, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.

„Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни“, информираа вчера од МВР за МИА.

- Реклама -