Макрон побарал од папата Франциск да влијае на Путин и Бајден: „Потребно е САД да седнат на маса“

Париз, 26 октомври 2022 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден, со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.

„Го охрабрив папата Франциск да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и Џо Бајден“, изјави Макрон за францускиот весник „Ле Поинт“ по средбата со Папата во Ватикан.

Макрон рече дека е потребно и САД да седнат на маса за да го промовираат мировниот процес во Украина.

Тој додаде дека Бајден има однос на доверба со Франциск и дека Папата може да влијае врз него за САД да бидат повеќе вклучени во изнаоѓање мирно решение во Украина.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Во понеделникот францускиот претседател се сретна со Папата во Ватикан и тоа беше нивна трета средба од доаѓањето на Макрон на чело на државата во мај 2017 година.

- Реклама -