Владата одлучи зимава сепак да нема промена во досегашниот систем на сметање на времето, односно, како и секоја година во последната недела од октомври и викендов стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад, со што ќе почне зимското сметање на времето.
Како што велат од Владата за МИА, анализата што ја изготвуваше Министерството за економија во консултација со експерти, за тоа дали останувањето на актуелното летно сметање на времето ќе придонесе за дополнителна заштеда на електрична енергија, покажала дека сепак треба да остане системот за промена на времето. Деталите, Владата ќе ги објави дополнително.