Ако Москва ги нападне центрите за носење одлуки во Киев, особено со нуклеарно оружје, светот треба истата секунда да ги нападне центрите на одлучување во Москва, независно од исходот од рускиот напад и без оглед дали Украина е членка на НАТО или не, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тоа треба јасно да ѝ биде дадено до знаење на Русија, а таквото предупредување не би било закана, туку форма на самоодбрана која, според него, ќе ги спречи „оние кои упатуваат закани да ги следат нивните планови“, бидејќи, како што рече во интервју за CBC и CTV, не смее никому, па ни на Русија, да ѝ се дозволи да ги уценува другите како терорист.
„Ако ја удрите улицата Банкова [Канцеларијата на украинскиот претседател], ќе има напад на местото каде што сте вие“, треба да гласи, според Зеленски, предупредувањето од светот до Москва, бидејќи Кремљ, како што вели, „го разбира само јазикот на силата“.