Изгореа два стана во зграда во Штип, полесно повредени две лица

Пожар избувна во зграда на улицата „Широк дол“ во Штип. Според командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев, опожарени се два стана во зградата. Известувачот на МИА беше на лице место кога се евакуираа станарите од станбената зграда.

Пожарникарите со маски и боци со кислород ги извлекуваа станарите од зградите. Коцев вели дека пожарот е изгаснат, а дојавата е од страна на станарите во 18.35 часот. На терен се излезени 16 пожарникари со четри возила на ТППЕ-Штип.

Станарите велат дека глетката била срашна, а пожарот избувнал во стан, во којшто немало струја. Според нејзините соседи ова не е првпат да се пали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.

Прочитајте и:  Утре почнува Пастрмајлијада во Штип

Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка. Полицијата е самото место, по што ќе следи увидот и утврдување на причините за пожарот.

Извор/Фото/Видео: МИА

- Реклама -