МНР со осуда за „непримерните квалификации“ во Декларацијата на Советот на Благоевград против отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека ги осудува непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ.

„Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување“, се наведува во соопштението.

Од МНР уште еднаш потенцираат дека интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството.

„Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации, за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка“, се додава во реакцијата на МНР.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување
- Реклама -