На Русија ќе ѝ требаат најмалку две години да ја обнови својата армија, смета естонскиот министер за одбрана

Вашингтон, 19 октомври 2022 (МИА) – На Русија веројатно ќе ѝ требаат две до четири години за да ги врати своите вооружени сили на нивното ниво пред војната во Украина, изјави синоќа естонскиот министер за одбрана.

Хано Певкур, кој е во посета на САД, тврди дека претстои долг конфликт и го повикува Западот да ги поддржи Украинците додека не постигнат победа за „слободниот свет“.

Тој рече дека западните санкции најмногу влијаеле на производството на авиони и одржувањето на хеликоптерите, лишувајќи ја Русија од клучната борбена опрема.

Во коминикето на Стејт департментот по состанокот со неговиот американски колега Лојд Остин, се нагласува дека е неопходно и понатаму да се задржи силната поддршка за Киев.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо
- Реклама -