МНР упатило вербална нота до Софија за провокациите на Џамбаски

Министерството за надворешни работи соопшти дека преку својата Амбасада во Софија упатило вербална нота со која изразува крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Ангел Џамбаски.

„Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на Република Северна Македонија. Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји“, се вели во соопштението на МНР за јавноста.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување

Од МНР додаваат дека, соодветно на Договорот за пријателство, очекуваат по ова известување државното раководство, Владата и МНР на Бугарија да го осудат и да се оградат од изјавите на Џамбаски.

„Истовремено, Министерството за надворешни работи би ги ценело евентуалните активности преземени од надлежните институции на Бугарија за преземање мерки за превенција на вакви и слични однесувања“, се додава во соопштението.

- Реклама -