Реакција на Левица на изјавите на Гир и Вархеји: „Евробирократите го рехабилитираат бугарскиот фашизам“

„Скандалозни се изјавите на евроамбасадорот Дејвид Гир и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кои одбија да го осудат отворањето на фашистички клубови, под изговор дека тоа е билатерално прашање!“, порачаа денеска од политичката партија Левица.

Според нив, евроамбасадорот Дејвид Гир директно учествува во ширењето на евроскептицизмот, со оглед на, како што велат од партијата, експресно го осуди уништувањето на клуб кој го носи името на осуден фашистички злосторник, според фактографијата на светската историја.

„На македонската јавност сè повеќе ѝ се предочува впечатокот дека ЕУ потполно застанува зад шовинистичката надворешна политика на Бугарија, која задира во суверенитетот на Македонија“, констатираат од Левица.

„Комесарот Вархеји пред неколку месеци, преку својот твитер профил, упати порака дека сите негаторски барања на Бугарија се дел од преговарачкиот процес. Очигледно е дека за Вархеји и скандалозните транпаренти со натписи ‘Македонија е бугарска’ во бугарскиот Парламент се дел од преговорачкиот процес“, критикуваат од Левица.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Ваквото однесување на ЕУ-бирократите, заклучуваат тие, „во континуитет демонстрира силување на правото на самоопределување на македонскиот народ, а во директна служба на територијалните претензии на соседните држави“.

Сѐ додека ЕУ е слепа на докажани фашисти и нацистички соработници, истата директно учествува во рехабилитација на фашизмот, кој имал за цел да го сотре заедништвото за кое говори евроамбасадорот Гир, се додава во реакцијата.

- Реклама -