Макрон до Путин: Не сакаме светска војна

Париз, 13 октомври 2022 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот шеф на државата, Владимир Путин, да се откаже од војната во Украина, нагласувајќи дека светот не сака да види ескалација на насилството, јави ДПА.

„Не сакаме светска војна“, напиша денеска Макрон на Твитер.

„Ние ѝ помагаме на Украина да се спротивстави на нејзината територија, а не да ја напаѓа Русија. Владимир Путин мора да ја прекине оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, објави Макрон.

Тој во својата објава се осврна и на континуираното снабдување со оружје од Франција за Украина, најавено претходната вечер.

Помошта вклучува „хаубици Сезар, радари, системи и проектили за ПВО, оклопни возила и обука“. Макрон вети дека Франција „ќе продолжи да го поддржува украинскиот отпор и да ја зголеми воената помош“.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина
- Реклама -