Во 1999 година Унгарија требало да ја нападне Србија, но одбила, откри Вучиќ

Белград, 8 октомври 2022 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија засега нема да воведува санкции кон Руската Федерација, додека штетата што и се нанесува на Србија не биде преголема.

„Ова не го правиме само поради поевтина цена на гасот или поддршката во Советот за безбедност во ОН, туку поради меѓународното јавно право и самопочитта затоа што знаеме што ни направија санкциите“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија продолжува по патот кон ЕУ.

Во обраќањето до нацијата Вучиќ изјави дека имало план Унгарија да ја нападне Србија во 1999 година и дека тоа му го потврдил и Виктор Орбан, бидејќи Унгарија го одбила.

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема

„Маргарет Тачер му кажала на Орбан дека е разочарана што тоа не е направено“, пренесе Бета.

- Реклама -