Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето цени во Белорусија

Варшава, 6 октомври 2022 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, со декрет го забрани зголемувањето на цените во неговата земја, јави ДПА.

„Од 6 октомври забранети се какви било покачувања во цените. Забранети, не од утре, туку од денеска“, подвлече Лукашенко денеска, според државната новинска агенција Белта.

Тие кои ќе го прекршат декретот, ќе се соочат со „итно апсење и кривично гонење“.

Лукашенко не ја исклучи целосно можноста во иднина да има потреба од пораст на цените во некои области. Но, тоа ќе може само со официјално одобрување за такво нешто.

Според бирото за национална статистика, инфлацијата во Белорусија беше 17.9 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Особено е забележан остар раст кај цените на храната.

Стапката на инфлација може да се зголеми до 19 отсто до крајот на годината, предвидуваат дел од белоруските економски експерти.

- Реклама -