Условна казна за Алабаковски за подметнувањето на пожарот во бугарскиот клуб во Битола

Печајот Ламбе Алабаковски доби условна казна од шест месеци затвор за подметнувањето на пожарот во бугарскиот клуб „КЦ Иван Михалов“ во Битола, објави „Нова Македонија“.

Како што посочува медиумот, според пресудата на основниот суд во Битола, Алабаковски се согласил на ваквата казна.

По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

Алабаковски го призна делото, но не ги откри мотивите за својата постапка.

- Реклама -