Човек отворил оган во регрутен центар во Иркутск, тешко ранет офицерот задолжен за регрутација

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Москва, 26 септември 2022 (МИА) – Едно лице е повредено во инцидент што се случил во регрутен центар во рускиот далечен исток. Човек вооружен со пиштол отворил оган во центар за воена регрутација во Иркутската област на далечниот исток при што е тешко ранет офицерот задолжен за регрутирање, соопшти официјален претставник на локалните власти.

„Воениот комесар Александар Јелисеев е на реанимација и е во многу тешка состојба. Напаѓачот веднаш е уапсен, ќе биде казнет“, ​​објави преку Телеграм гувернерот на Иркутската област, Игор Кобзев.

Тој рече дека вооружениот инцидент се случил во регрутниот центар во сибирскиот град Уст-Илимск.

На 21 септември рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот војници за акцијата во Украина.

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
- Реклама -