Лукашенко: Во Белорусија нема да има мобилизација

Минск, 23 септември 2022 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека во неговата земја нема да има мобилизација.

Тој рече дека одредени опозициски партии се обидуваат да ја развијат тезата дека е можна мобилизација и во Белорусија, како и во Русија.

– Нема да има мобилизација. Тоа е лага, рече Лукашенко и нагласи дека Белорусија сигурно ќе одговори на можните закани и обиди за терористички акти.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -