Арсовска: Ако сака Мицкоски да зборува за оставки, треба да почне од себеси

Несогласувањата меѓу градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се пренесоа и во Советот на Град Скопје откако денеска на седницата за советнички прашања беа изнесени меѓусебни обвинувања на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Луке Галески, ја обвини Арсовска дека вршела влијание и побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителната станица за што беше разрешен директорот на „Водовод и канализација“, Златко Перински.

„Како што кажа директорот на ‘Водовод и канализација’ којшто беше разрешен – Златко Перински, тој е жртва на притисок од страна на градоначалничката Данела Арсовска, која побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за овој проект. Дека овие тврдења имаат поткрепа, тоа е документот кој го држам во рацете каде со потпис на Данела Арсовска се бара смена на членовите на Комисијата. Овој допис е испратен на 25.07.2022 година, односно пред повеќе од месец и половина и ако се точни трвдењата дека е Перински тој што вршел притисок и влијание врз процесот и демонстрирал самоволие, како што кажа градоначалничката, тогаш овој документ потврдува дека Вие сте знаеле за тоа, а не сте ги известиле надлежните институции повеќе од месец и половина“, рече Галески.

На ова реагираше градоначалничката Арсовска, која упати остри критики до ВМРО-ДПМНЕ и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

„Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во мед, сега наеднаш не чинам? На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но мене, како што гледаш, не ми трепери гласот и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како што треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата, како што беше и досега. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе“, рече Арсовска, одговарајќи му на Галески.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Праша каде се крие Мицкоски и побара оставка од него.

„Мицкоски да не се крие. Да се бореше со власта, да се бореше против спорните договори како што се бори овие три-четири дена со мене, ќе ја спасеше Македонија“, рече Арсовска, додавајќи дека ако сака Мицкоски да зборува за оставки, треба да почне од себеси.

По ова, беше дадена пауза по која градоначалничката си замина од седницата на Советот.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија Арсовска и за поништување на други тендери за важни проекти за градот и изразија разочараност од нејзиното досегашно работење.

Несогласувањата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ почнаа откако беше разрешен директорот на „Водовод“ и канализација Златко Перински и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, по што оставки дадоа и директорките на „Дрисла“ и на „Градски паркинг“, Јане Мицевски и Бојан Христовск

- Реклама -