Медведев: Сегашните ултиматуми на Русија се само загревање и детска игра во споредба со оние што ќе ги имаме во иднина

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, повторно ѝ се закани на Украина.

„Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

Заканите од Медведев уследија уследи откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за Си-ен-ен изјави дека не е подготвен да преговара со Москва додека Русија поставува ултиматуми.

„Тоа е мојот принцип, не разговарам со тие кои поставуваат ултиматуми“, изјави Зеленски, додавајќи дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -