Путин: Западните санкции се опасност за целиот свет

Москва, 7 септември 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните санкции наметнати кон Москва се кусогледи и претставуваат опасност за целиот свет, кој, како што оценува, сè повеќе се врти кон Азија.

Говорејќи на Источниот економски форум во градот Владивосток, Путин рече дека Западот ги поткопува глобалните економии со „агресивен“ обид да ја наметне својата доминација во светот.

Путин истакна дека руската економија се справува со, како што ја нарече, финансиската и технолошката агресија на Западот, но тој призна дека има потешкотии во некои индустрии и региони.

Рускиот лидер нагласи дека компаниите кои зависат од европските суровини имаат потешкотии во водење бизнис.

Путин рече дека Москва направила сè за Украина да може да извезува жито.

Прочитајте и:  Путин до Шолц: Евентуални преговори со Украина треба да се засноваат на „новата реалност на терен“

Според него, постои можност проблемите на светскиот пазар на храна да се продлабочат и оти се наѕира хуманитарна катастрофа.

- Реклама -