Радев до Ковачевски: Бугарија повторно ќе се солидаризира со братска Македонија

Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред делегацијата од земјава предводена од премиерот Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев рече дека „и покрај политички страсти на кои сме сведоци во последните месеци, односите меѓу нашите две земји почиваат на цврста основа, која е надвор од секоја политичка конјунктура“.

„Тоа е основата на одлуките на Бугарија за безрезервна поддршка на Македонија од признавањето на државноста и независноста на земјата, преку инсистирање на превентивниот контингент на ОН при распадот на поранешна Југославија, преку обезбедување помош за време на ембаргото, преку давање воено-техничка помош, во случај на катастрофи и природни непогоди“, изјави Радев.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

МИА

- Реклама -