Женева, 31 август 2022 (МИА) – Трајниот пренос на мајмунските сипаници од човек на човек во Европа е елиминиран, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Регионалниот директор на СЗО за Европа, др. Ханс Клуге кажа дека има „охрабрувачки рани знаци“ дека забавува епидемијата на мајмунски сипаници.
Во 43 земји од европскиот регион на СЗО пријавени се над 22.000 случаи на мајмунски сипаници, што претставува повеќе од една третина од глобалниот број на инфекции. Тука се вклучени и Русија и земјите од Централна Азија.
СЗО, минатата недела соопшти за пад од 21 отсто на бројот на нови случаи низ светот, по четирите недели по ред на нивно зголемување.
-Постојат охрабрувачки рани знаци, како што се гледа од Франција, Германија, Португалија, Шпанија, Обединетото Кралство и други земји, дека епидемијата може да забавува. За да се придвижиме кон елиминирање на вирусот во Европа, мора итно да ги засилиме нашите напори. Сепак, веруваме дека можеме да го елиминираме трајниот пренос на мајмунските сипаници од човек на човек во Европа доколку се посветиме на тоа и ги вложиме потребните ресурси, рече д-р. Клуге.
СЗО препорачува натамношно задржување на мерките за надзор, целна вакцинација и идентификација на случаите на контакт. Оттаму, исто така, препорачуваат да се работи со машката хомосексуална заедница, меѓу која главно циркулира вирусот, со цел да се поттикне „средина без стигма и дискриминација“.