Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и мазутот

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0.5 денари за литар, на дизелот за три, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека мазутот поскапува за 0.977 денари за килограм.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 89.50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 92 денара, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 101.50 денари, а екстра лесното масло 97.50 денари. Цената на мазутот ќе изнесува 53.955 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1.41 отсто во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

МИА

- Реклама -