Oд почетокот на руската инвазија загинале околу 9.000 украински војници, алудира Киев

Киев, 22 август 2022 (МИА) – Околу 9.000 украински војници се убиени за шест месеци од почетокот на руската инвазија, изјави денеска врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни.

Како што објави агенцијата Интерфакс-Украина, Залужни, говорејќи на настан одржан во Киев, истакна дека на украинските деца им треба посебно внимание и грижа бидејќи нивните татковци отишле на фронтот и „тие веројатно се меѓу деветте илјади херои кои биле убиени“.

Како што наведуваат медиумите, ова е една од ретките изјави на украинските власти за прашањето за воените загуби на Киев во војната што Русија ја започна на 24 февруари.

Претходните податоци беа од средината на април, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека од почетокот на руската офанзива биле убиени околу 3.000 украински војници, а околу 10.000 биле ранети.

Прочитајте и:  Шолц телефонски разговарал со Путин, првпат по две години... ова биле темите
- Реклама -