Москва: Украински саботери уништиле високонапонски далноводи на нуклеарната централа Курск, отежнато е функционирањето

Москва, 16 август 2022 (МИА) – Руската безбедносна служба тврди дека украински саботери на 4, 9 и 12 август дигнале во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарната централа Курск.

Поради нападите било отежнато функционирањето на нуклеарната централа Курск.

Според Руската безбедносна служба нападите во Курчатов се терористички чин.

Засега, нема коментар од Украина за овие обвинувања од руска страна.

Прочитајте и:  Шолц телефонски разговарал со Путин, првпат по две години... ова биле темите
- Реклама -