Груби: Има пратеници кои сакаат да гласаат за уставните промени и за тоа треба да се разговара

Кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот, тврди првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Темата за референдумот, според него, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.

„Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот“, изјави Груби одговарајќи на новинарско пршање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново.

Извор: МИА

- Реклама -