5 начини да си поиграте со вашиот мозок

триковиНашиот мозок си поигрува со нас секој пат кога ќе посака. Ние не гледаме што е вистина, ниту пак слушаме и мирисаме како што треба. Еве ви неколку безопасни трикови со кои можете да го возвратите ударот.


Нашиот мозок си поигрува со нас секој пат кога ќе посака. Ние не гледаме што е вистина, ниту пак слушаме и мирисаме како што треба. Еве ви неколку безопасни трикови со кои можете да го возвратите ударот.

триковиГанцфилдов процес

Вклучете го радиото и побарајте некоја фреквенција на која има само шум. Земете едно топче за пинг-понг, пресечете го на две половини, легнете на грб и ставете ги половините врз очите. По само неколку минути би требало да искусите некој тип на сетилна халуцинација.

Некои луѓе гледаат коњи како трчаат во облаците, некои слушаат глас на некој мртов роднина. Мозокот е толку зависен од сетилни информации, што кога сетилата регистрираат многу малку (затоа ви е потребен шумот и пинг-понг топчето) почнува да измислува информации.

триковиНамалете ја болката

Неодамна едно истражување на Оксфорд открило нов начин за борба против болка. Таму било открино дека луѓето кои ја гледале својата повреда низ обратната страна од двоглед искусиле намалување на болката и отокот. Според научниците ова е доказ дека и наједноставните телесни реакции како болката зависат од она што го гледаме. Па следниот пат кога ќе си го удрите прстот на ногата, за ваше добро, не го гледајте.


114Збунете го чувството за пропорција

За овој трик ќе ви требаат два столови, превез и пријател. Врзете ги очите и седнете на едниот стол, а вашиот пријател нека седна на другиот стол веднаш пред вас. Потоа испуштете ја едната рака и ставете ја на носот на вашиот пријател а другата на вашиот. По околу една минута, пола од оние кои се обиделе пријавиле чувство дека нивниот нос расте. Затоа ова чувство се нарекува Пинокио ефект.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите


триковиЗбунете го чувството за ориентација

Подигнете ја десната нога околу една педа од земја и почнете да вртите круг во иста насока како стрелките на часовникот. Додека го правите ова со показалецот од десната рака почнете да пишувате број шест во воздухот. Вашата нога ќе ја промени насоката, без разлика колку се обидувате да продолжите.

Во левата половина на мозокот, која ја контролира десната страна на вашето тело, се наоѓа и центарот за ритам и темпо. Левата половина од мозокот не може да се справи со повеќе операции истовремено, па затоа ги спојува во една.

Збунете ја фоторецепцијата

трикови

Гледајте во окото на црвениот папагал околу 20 секунди а потоа погледнете во било која точка внатре во кафезот. Слаба слика на сино-зелена птица ќе се појави внатре во кафезот. Истото можете да го направите и со другата птица, но овој пат онаа во кафезот ќе биде розова.

Ова се случува зашто кога гледате подолго време во една иста слика, фоторецепторите во вашите очи се „заморуваат“ што ја создава таа слаба слика кога ќе погледнете на бела површина. По некое време (обично 10 до 30 секунди) фоторецепторите се адаптираат на новиот импулс и таа слика се губи.

- Реклама -