Скопје, 5 август 2022 (МИА) – Во последните 24 часа направени се 1 570 тестови, а регистрирани се 739 случаи на КОВИД-19, од кои 153 се реинфекции.
Оздравени се 659 пациенти, а во изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје на 73-годишна возраст. Лицето е починато во болнички услови.
Во моментов активни се вкупно 4.218 случаи, информира попладнево Министерството за здравство.
Од вкупниот број нови случаи, во Скопје се регистрирани 262 случаи, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.
Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, а на починати 9.388 лица.