Вашингтон, 3 август 2022 (МИА) Американската асоцијација за нуклеарна енергија (АНС), денеска ја осуди Русија за користењето на нуклеарната електрана во близина на Запорожје, Украина, како штит за своите вонени активности.
„Однесувањето на Русија околу Запорошката нуклеарна електростаница го нарушува меѓународното право, кое забранува напади на нуклеарни електростаници и нивно користење како ‘жив штит’, за да се одбегнуваат непријателски напади или возвратни удари“, изјави Стивен Арнд, претседател на АНС.
„Вооружените сили на Русија треба веднаш да го отстранат своето оружjе од објектот и неговата територија“, рече тој.
Тој изрази загриженост по извештаите за наводни нарушувања на човековите права на украинските вработени во електроцентралата од страна на руските војници кои го окупирале објектот.
„Ја повикуваме Русија да овозможи на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) итен, целосен и отворен пристап до нуклеарната централа и до вработените во централата“, изјавија од АНС.
Арнд соопшти дека според украинската агенција за атомска анергија „Енергоатом“, радијациската, пожарната и еколошката ситуација на станицата засега е стабилна, a (ИАEA) продолжува да добива податоци за гаранции по безбедност на станицата во далечински режим.
АНС е оснавана во 1954 година со мисија е да промовира, охрабрува и стимулира примена на нуклеарната наука, техника и технилогии во добробит на општеството.