Косовска полиција: Во четири случаи, на север, било пукано врз полициски единици

По поставувањето на блокади во северниот дел на Косовска Митровица, во четири случаи од огнено оружје било пукано кон полициските единици, а во еден случај била слушната и детонација, соопшти денеска косовската полиција.

Во соопштението се наведува дека нема повредени ниту меѓу полицајците ниту граѓани.

„Досега се пријавени четири случаи на запрени и малтретирани Албанци кои патувале во тој реон, нанесување повреди и материјална штета врз возила, од страна на осомничени за кои постои сомневање дека се дел од организации за блокирање патишта“, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот
- Реклама -