ВМРО-НП: Тенковите кои ѝ се донираат на Украина се купени со македонски пари и се функционални, добро е да добиеме компензација од НАТО

Ако тенковите кои Македонија ѝ ги донира на Украина се оние истите кои се набавени во кризата во 2001 година, тие не се добиени како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку се купени од Украина, велат од ВМРО-Народна партија, во соопштение во кое, како што велат, сакаат да појаснат неколку работи за да не се создаваат непотребни забуни.

Од ВМРО-НП, чиј лидер Љубчо Георгиевски беше премиер во тој период, потенцираат дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари. Сепак, тоа претставувало важна помош во тоа време, со оглед дека имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија, велат од партијата.

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО

Со оглед на тоа дека Македонија со свои пари ги платила тенковите, додаваат од ВМРО-НП, добро би било сега земјава да добие компензација од НАТО земјите, бидејќи, подвлекуваат, ова оружје е сѐ уште функционално и употребливо.

- Реклама -