Украина: Ден по договорот за извоз на жито, Русите го ракетираа пристаништето во Одеса

Киев, 23 јули 2022 (МИА) Украинската армија денеска соопшти дека руски ракети погодиле инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

Нападот се случи еден ден откако Русија и Украина потпишаа Договор за повторно отворање на пристаништата на Црно Море и продолжување на извозот на жито.

„Непријателот го нападна морското трговско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети. Силите за воздушна одбрана соборија два проектила, а два ја погодија инфраструктурата на пристаништето“, објави на Телеграм украинската Оперативната команда Југ.

Киев, пак, порача дека со гранатирањето на Одеса рускиот претседател Владимир Путин дека ги „плукнал в лице“ Обединетите нации и Турција, и најави дека Москва ќе сноси „целосна одговорност“ за неуспехот на Договорот за извоз на жито потпишан вчера во Истанбул.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

„Со истрелување проектили врз пристаништето Одеса, Путин им плукна во лице на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кои вложија огромни напори да го постигнат овој Договор“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

- Реклама -