„Хјуман рајтс воч“: Руските сили вршат тортура врз воени затвореници и цивили во Украина, Двајца од тројца воени затвореници починале

Њујорк, 23 јули 2022 (МИА) – Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ги обвини руските вооружени сили за тортура врз воени затвореници и цивили во Украина.

Интервјуата со десетици луѓе во окупираните јужни региони Керсон и Запорожје открија 42 случаи во кои руските сили произволно затворале цивили или цивилите исчезнале. Некои немаа никаков контакт со надворешниот свет, а многумина беа жртви на тортура. Двајца од тројца воени затвореници починале, соопшти ХРВ.

„Руските сили окупираните територии во јужна Украина ги претворија во бездна на страв и неконтролирано беззаконие. Тортура, нехумано постапување, како и произволно притворање и незаконското затворање на цивили, се очигледни воени злосторства што ги документиравме, а руските власти мора веднаш да престанат со таквите злоупотреби и да сфатат дека можат да бидат повикани на одговорност“, истакна Јулија Горбунова од ХРВ.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена
- Реклама -