„Северна Македонија не е Украина и Европа не е Русија за опозицискиот лидер да оди на протести носејќи зелена маица како некој Зеленски wannabe од AliExpress“, пишува лидерот на ДУИ – Али Ахмети, на Фејсбук, откако во парламентот беше изгласан францускиот предлог, а на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски (кој на протестите носеше и маици во други бои освен зелена), порача дека тие нема да дозволат промена на Уставот.
„Како што и се очекуваше, регресивните сили кои служат на странски агенди не успејаа и граѓаните не ги поддржаа“, оцени Ахмети.
„Денеска победија Европска Македонија и прогресивните сили во земјата, денес победија соживотот, иднината и надежта.
Честитки, граѓани, честитки до земјата. Назад СКА!“, додаде лидерот на „интегративците“.