ЕК во објавата за посетата на Вон дер Лајен ја употреби придавката „северномакедонски“, па се поправи

„Претседателката Вон дер Лајен утре во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“, објави денеска на својот твитер налог Европската Комисија, најавувајќи ја посетата на претседателката Урсула фон дер Лајен на Скопје, која утре треба да се обрати пред пратениците во Собранието. Набрзо, ЕК ја корегираше објавата и напиша дека претседателката на ЕК ќе има средба со „претседателот на Северна Македонија“.

„Претседателката Вон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во северномакедонскиот Парламент на свечената седница во 13 часот, објави Европската комисија во првичниот твит, а на фотографијата беше наведено „претседателката Урсула фон дер Лајен во македонскиот Парламент“.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
Принтскрин

Кусо по објавувањето, твитот беше избришан и објавен нов, во кој не е содражна придавката „северномакедонски“.

„Претседателката Вон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во Парламент на Северна Македонија на свечената седница во 13 часот“, објави Европската комисија во корегираниот твит.

Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека како и секогаш реагирале веднаш штом забележаче дека е употребена несоодветна придавка.

„Добивме уверување дека е направена ненамерна грешка, по што објавата беше веднаш избришана“, велат од МНР.

Извор: МИА

- Реклама -