Предлог преговарачката рамка e доставена, седница вечерва не е планирана – велат од Собранието

До Собранието на Република Северна Македонија е доставена предлог преговарачката рамка, материјалот ќе биде доставен до пратениците, а седница за оваа точка не е закажана за вечерва, информираат од собраниската прес-служба.

„Ве информираме дека од Владата до Собранието е доставена „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението.

Согласно со процедурите, посочува собраниската прес-служба, материјалот ќе се достави до пратениците и за натамошно постапување соодветно и наврмено ќе биде објавена информација.

Имајќи ги предвид шпекулациите, потенцираат дека за вечерва не е планирана седница.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“, велат од собраниската прес-служба.

Владата претходно соопшти дека на денешната 59-та седница, ја разгледала информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија, како и дека одлучила да ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно собраниските процедура.

И за вечерва, како и во претходните пет дена, се закажани протести пред Владата за отфрлање на предлог преговарачката рамка.

МИА

- Реклама -