Генчовска: „Реакцијата во Северна Македонија е загрижувачка за една демократска земја“

Реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава.

„Да им дадеме можност да ѝ објаснат на нивната заедница што е овој пакет“, рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија.

Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.

Прочитајте и:  Николоски: Корумпирани политичари од Бугарија сакаат да ги уништат односите, ја користат Македонија како предизборна тема

„Колегите во Република Северна Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент“, додаде Генчовска.

МИА

- Реклама -